Во ланското финале на Сантијаго Бернабе, “нероазурите“ се радуваа на третиот трофеј во историјата на Лигата на Шампиони совладувајќи ги “баварците“ со 2-0. Оваа сезона ждрепката сакаше овие два гиганти да се сретнат прерано уште во 1/8 финалето.
Првиот натпревар се игра на Џузепе Меаца, “нероазурите“ неможат да сметаат на својот херој од финалето, Диего Милито. После паузата во Серија А во стројот се враќа холанѓанецот Снајдер додека македонскиот интернационалец Горан Пандев се очекува да биде на клупата на резерви.
На денешниот натпревар тандемот Робен – Рибери за прв пат оваа сезона заедно ќе настапат во Лигата на Шампиони. Поради повреда Луис ван Гал на располагање го нема Ивица Олич а во шпицот на нападот ќе биде германскиот репрезентативец Марио Гомез.
Двојки: 20:45 Олимпик Марсеј – Манчестер Јунајтед, Интер – Баерн Минхен