Со фантастична победа против Барселона 31-29 (15-11) македонскиот вицепрвак Металург ги заврши натпреварите во групи во Лигата на Шампиони.
Избраниците на хрватскиот стратег Лино Червар не покажаа никаков респект кон „дрим тимот“ на Барселона, кој не знаеше за пораз во деветте натпревари во групната фаза од ЛШ.
Гостинскот тренер Чави Пасквал проба со сите ракометари да му се спротистави на Металург, но тие немаа одговор за голманскиот тандем Станиќ – Митрески. Тие имаа шоу на голот бранејќи се и сешто и доведувајќи ги до лудило ракометарите на Барселона.
Иако победата над каталонците нема да го подобри пласманот на Металург сепак ќе остане запишано дека „дрим тимот“ на Барселона беше совладан во „Борис Трајковски“.
Барселона покрај поразот од Металург заврши на првата позиција, францускиот првак ПСЖ се пласира на втората додека на третата и четвртата се македонските преставници Металург односно Вардар.
Мх.П.