Драма и неизвесност немаше само во Париз, туку и во Порто на стадионот „Драгао“, каде фудбалерите на Порто после дополнителни триесет минути ја победија Рома (3-1) и со вкупен резултат (4-3) обезбедија пласман во 1/4 финалето во Лигата на Шампиони.
Во регуларните 90-ет минути Порто забележа идентична победа (2-1) како Рома во првиот меч. Тикињо погоди за 1-0, Де Роси од пенал изедначи 1-1. Голот за Порто кој го одведе мечот во продолжение го постигна Муса Марега.
До третиот погодок вреден билет за ТОП 8 екипата на Порто стигна благодарание на глупоста на членот на Рома, Флоренци кој влечеше во казнетиот простор, а главниот судија Чакир досуди пенал после асистенција од видео технологијата. Пеналот во погодок го претвори Алекс Телеш.
Материјал за пенал имаше и за Рома, но после асистенција од ВАР собата, Чакир не досуди удар од белата точка и мечот заврши со 3-1 и Порто помина понатаму.
Порто му се придружи на Манчестер Јунајтед, кој со неверојатен кам бек го елиминираше ПСЖ.
OhridNews