Актуелниот првак во ракометната Лига на шампиони, Вардар, повторно беше немоќен на домашен терен и претрпе висок пораз од Веспрем во дербито на колото. Унгарскиот гигант бодовите во Скопје ги освои уверлив триумф од 38-29 (22-15) и се искачи на втората позиција на табелата.
Ракометарите на Веспрем уште на стартот од мечот ги искористија сите недостатоци во составот и играта на Вардар и поведоа со 9-2. „Вардарци“ и со крпена бековска линија добро парираше успеа да намали на четири голови. Веспрем пред крајот на првиот дел уфрли брзина погоре и ја врати предноста од седум голови (22-15).
Во второто полувреме на теренот многу се почувствува ротацијата во составот на Веспрем. Унгарците константно беа свежи и подготвени за надигрување, додека Вардар немаше многу расположени ракометари за игра и мораше да му честита на противникот после натпреварот.
Вардар го претрпе петтиот пораз во фазата по групи и падна на петтата позиција, а Веспрем се наоѓа на второто место со два бода помалку од лидерот Кил.
OhridNews