Дарко Станиќ ќе биде подготвен за реванш мечот против Киелце во Лигата на Шампиони. Во првиот четвртфинален натпревар Металург претрпе пораз 27-25, а на возвратниот дуел им треба победа од три голови разлика или победа со два, но со повеќе постигнати голови.


За мечот со полскиот првак меѓу стативите ќе се врати и Петар Ангелов “диви“.  Тој одреден период паузираше поради повреда. Ангелов наместо на операција за санирање на повредата ќе застане на голот и уште еднаш ќе ја покаже својата посветеност на ракометот.

По добрите одбрани на Ангелов во СЕХА лигата, доби повик во селекцијата на Македонија од Обрван, откако екс селекторот Шундовски го изостави од списокот патници за СП во Шпанија.

Мх.П.