Офанзивниот фудбалер на Атлетико Мадрид, Диего Коста се повреди на дуелот со Барселона и под знак е доведен неговиот настап за тимот во финалето од Лигата на Шампиони.
Новопечениот шпански репрезентативец последниот период мака мачи со повредите и ќе биде вистинско чудо ако се појави на стадионот во Лисабон.
Финалето се игра в сабота (20:45ч), а Атлетико ќе се сретне со градскиот ривал Реал Мадрид.
Мх.П.