Магичниот погодок на Тимур Дибиров ја воодушеви јавноста и беше избран за најубав погодок пред спектакуларниот гол на Дејан Манасков, кој го постигна во лет.
Можеби, предност голот на Дибиров доби поради важноста, затоа што со тој погодок Вардар ја наговести серијата од 6-0 со која се врати во игра и избори пласман на Ф4.
Во изборот на најдобрите одбрани Дејан Милосављев ја има петтата во одбројување, додека првата му припадна на Шего кој го запре ударот на Калараш. Помеѓу најдобрите ракометари место имаше само за Игор Карачиќ. Хрватот со осум голови беше мотор на тимот и заслужено се најде во идеалниот состав.
Лево крило: Хампус Ван (Фленсбург)
Лев бек: Лас Андерсон (Барселона)
Среден бек: Игор Карачиќ (Вардар)
Десен бек: Недим Ремили (ПСЖ)
Десно крило: Драган Гајиќ (Веспрем)
Пивот: Бенсе Бандини (Пик Сегед)
Голман: Гонзало Перез де Варгас (Барселона)
OhridNews