Крилото на Вардар, Тимур Дибиров и левиот бек на Металург, Халил Јагањац имаа маестрален настап за своите екипи во четвртата рунда од фазата по групи во Лигата на Шампиони и заслужено се најдоа во идеалниот тим креиран од ЕХФ.

Дибиров со 8 погодоци од 9 голови беше ударна игла на вардаровиот напад во триумфот над Рајн Некар Левен (29-27), додека Јагањац со 10 погодоци беше најсветла точка на Металург во поразот од Силкерборг.

Чуварот на мрежата на Вардар, Дејан Милосављев повторно имаше добра партија и една од неговите 13 одбрани се најде на второто место во изборот на најдобрите пет. Во изборот на најдобрите голови втората позиција ја зазеде цепелинот во режија на Шмид – Сигурдсон.

Идеалниот тим:

Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар) 8/9

Лев бек: Халил Јагањац (Металург)

Среден бек: Томас Могенсен (Скјерн)

Десен бек: Магнус Руд (Флензбург)

Десно крило: Аркадиус Морито (Киелце)

Пивот: Сењамин Буриќ (Загреб)

Голман: Гонзало Перез де Варгас (Барселона)

OhridNews