Екипите на Реал Мадрид и Интер, во меѓусебна дерби пресметка која ќе се одигра вечерва во Мадрид ќе имаат нова шанса за прв триумф во новата сезона во Лигата на Шампиони.

„Кралевите“ се на дното од табелата во групата Б со само еден освоен бод, додека „нероазурите“ со два бодови ја делат втората позиција со Борусија Менхенгладбах. Лидер во групата Б е Шахтјор со четири поени.

На шпанскиот гигант му треба победа да се врати во игра за првите две позиции, а истото важи и за Интер кој цели кон пласман во нокаут фазата. Затоа, пресметката во Мадрид, и потоа во Милано се како финалиња за двете екипи.

Реал Мадрид нема некои посериозни проблеми со повредени фудбалери, додека Интер на располагање ќе го нема Ромелу Лукаку кој ќе паузира поради повреда. Натпреварот се игра во 21 часот. Главен судија е Французинот Клемент Турпин.

  • Двојки:

Група А: Локомотив Москва – Атлетико Мадрид (18:55ч), Салзбург – Баерн Минхен (21ч)

Табела: Баерн Минхен 6 бодови, Атлетико Мадрид 3, Салзбург 1, Локомотив Москва 1

 

Група Б: Шахтјор Доњецк – Борусија Менхенгладбах (18:55ч), Реал Мадрид – Интер (21ч)

Табела: Шахтјор Доњецк 4 бодови, Борусија Менхенгладбах 2, Интер 2, Реал Мадрид 1

 

Група Ц: Порто – Олимпик Марсеј (21ч), Манчестер Сити – Олимпијакос (21ч)

Табела: Манчестер Сити 6 бодови, Порто 3, Олимпијакос 3, Олимпик Марсеј 0

 

Група Д: Аталанта – Ливерпул (21ч), Митјиланд – Ајакс (21ч)

Табела: Ливерпул 6, Аталанта 4, Ајакс 1, Митјиланд 0

 

OhridNews