Дербито на стадионот Ноу Камп помеѓу Барселона и Интер ќе биде во фокусот во вечерашната програма од мечевите по групи во Лигата на Шампиони.
Каталонците и „нероазурите“ во меѓусебна пресметка ќе ја бркаат првата победа, откако во премиерната рунда двете екипи ремизираа. Барселона ги подели бодовите со Борусија Дортмунд а Интер ремизираше со Славија Прага во Милано.
Барселона нема сјајен почеток во Ла лига и се надеваат дека со еден добар резултат во ЛШ ќе направат пресвртница а Интер предводен од Антонио Конте на клупата посакува пресликување на играта од Серија А каде имаат перфектни шест победи во исто толку натпревари.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и неговиот тим Наполи гостуваат кај тимот на Генк во Белгија. „Азурите“ се големи фаворити и се освен победа ќе биде големо изненадување.
Двојки:
Група Е: Генк – Наполи (18:55ч), Ливерпул – Салзбург (21ч)
Група Ф: Славија Прага – Борусија Дортмунд (18:55ч), Барселона – Интер (21ч)
Група Г: Лајпциг – Лион (21ч), Зенит – Бенфика (21ч)
Група Х: Лил – Челси (21ч), Валенсија – Ајакс (21ч)
OhridNews