Италијанската полиција по брза постапка депорираше 54 симпатизери на холандскиот клуб Ајакс кои во Торино допатувале со голем арсенал на ладно оружје.
Рутинскиот престрес на два мини автобуси полни со симпатизери на Ајакс прераснал во голема акција, откако полиција пронашла ножеви, палки, чекани, пиротехнички средства и солзавци. Веднаш после претресот поддржувачите на Ајакс со полициска придружба биле испратени до најблиската граница.
- Сакам јавно да и се заблагодарам на полицијата која реагираше правилно и според законите во нашата земја. Никој во Италија не може да дојде со намера да прави проблеми. Нашите граници и стадиони се затворени за насилниците. – стои во соопштението од Минестерството за внатрешни работи.
Вечерва со почеток во 21 часот се игра реваншот помеѓу Јувентус – Ајакс. Првиот меч во Холандија заврши без победни 1-1.
OhridNews