Групната фаза во Лигата на Шампиони дојде до самиот крај и вечерва ќе паднат одлуките за екипите кои ќе продолжат понатаму или пак ќе „скршнат“ во Лигата на Европа.
Во групата Е, на австриски тест ќе биде Ливерпул. „Црвените“ кои се актуелни шампиони на Европа не смеат да претрпат пораз од Салзбург, бидејќи тој ќе значи елиминација и префрлање во Лигата на Европа. Нешто полесна задача има Наполи, кој на домашен терен го пречекува Генк.
Меч топка во шестата рунда на домашен терен има Интер. „Нероазурите“ во последната рунда од групата Ф ја пречекуваат Барселона која во Милано отпатува без Лионел Меси и уште неколку стандардни фудбалери. Интер мора да атакува на победа и воопшто да не размислува за резултатот во Дортмунд помеѓу Борусија и Славија Прага.
Во групата Г е најкомплицирано и три екипи Лајпциг, Зенит и Лион се борат за двете места кои водат понатаму. Пол позиција има Лајпциг кој е лидер со 10 бодови, но гостува во Франција кај Лион. Зенит гостува во Португалија кај Бенфика и мора да атакува на победа. Во случај на три екипи со ист број на бодови се прави мини табела во која моментално позитивен скор има Лајпциг.
Во групата Х исто така се комплицирани работите, но се зависи од домаќините Ајакс и Челси во дуелите со Валенсија односно Лил. Ајакс со 10 бодови е лидер и на домашен терен силите ќе ги одмери со Валенсија, додека Челси е голем фаворит во средбата со Лил на Стемфрод Бриџ.
Двојки:
Група Е: Наполи – Генк (18:55ч), Салзбург – Ливерпул (18:55ч)
Табела: Ливерпул 10, Наполи 9, Салзбург 7, Генк 1
Група Ф: Борусија Дортмунд – Славија Прага (21ч), Интер – Барселона (2ч)
Табела: Барселона 11, Интер 7, Борусија Дортмунд 7, Славија Прага 2
Група Г: Бенфика – Зенит (21ч), Лион – Лајпциг (21ч)
Табела: Лајпциг 10, Зенит 7, Лион 7, Бенфика 1
Група Х: Ајакс – Валенсија (21ч), Челси – Лил (21ч).
Табела: Ајакс 10, Валенсија 8, Челси 8, Лил 1
OhridNews