Фудбалерите на Црвена Ѕвезда нема по добро да го паметат гостувањето во Лондон во рамките од Лигата на Шампиони, откако претрпеа убедлив пораз 5-0 од тимот на Тотенхем. Англискиот премиерлигаш стигна до првата победа и најави излез од резултатската криза.

Домашните фудбалери уште на стартот почнаа жестоко и го потиснаа српскиот првак на сопствената половина. Констатните напади вродија со плод во 9-та минута кога Хари Кејн со глава погоди за почетно водство. Седум минути подоцна, Сонг хонг Мин зголеми на 2-0. Во 44-та минута, Сон Мин со вториот гол донесе предност од 3-0. Голеадата продолжи во второто полувреме. Ерик Ламела стрелаше за 4-0 а Кејн со вториот погодок ги постави конечните 5-0.

Тотенхем со победата и трите бодови се искачи на второто место на табелата заземајќи ја позицијата од Црвена Ѕвезда која ќе има шанса да реванш на домашен терен во Белград.

Резултати:

Група А: Клуб Бриж – ПСЖ 0-5, Галатасарај – Реал Мадрид 0-1

Табела: ПСЖ 9, Реал Мадрид 4, Клуб Бриж 2, Галатасарај 1

 

Група Б: Олимпијакос – Баер Минхен 2-3, Тотенхем – Црвена Ѕвезда 5-0

Табела: Баерн Минхен 9, Тотенхем 4, Црвена Ѕвезда 3, Олимпијакос 1,

 

Група Ц: Шахјтор Доњецк – Динамо Загреб 2-2, Мен Сити – Аталанта 5-1

Табела: Мен Сити 9, Шахјтор Доњецк 4, Динамо Загреб 4, Аталанта 0

 

Група Д: Атлетико Мадрид – Баер Леверкузен 1-0, Јувентус – Локомотив Москва 2-1

Табела: Атлетико Мадрид 7, Јувентус 7, Локомотив Москва 3, Баер Леверкузен 0

OhridNews