Актуелниот европски шампион Манчестер Јунајтед, патува во Данска кај Алборг во потрга по првата победа во новата сезона во ЛШ. Во Е групата во која по првото коло се еж израмнето Виљареал дома го пречекува Селтик.

ТАБЕЛА: Манчестер Ј. Вилјареал, Селтик и АВ по 1 бод.

Група Ф: Фирентина – Стеауа, Баерн (М) – Олимпик (Лион).

Дуелот помеѓу шампионите на Германија и Франција го одбележува второто коло од Ф групата. Баварците не брилираат во бундеслигата па симпатиите на навивачите ќе ги враќаат на мечевите од ЛШ. Поранешниот континетален првак Стеауа гостува кај Фиорентина. Единствено проблем за виолетовите е заморот на играчи од ритамот среда- недела.
 
ТАБЕЛА: Баерн (М) 3, Фиорентина и Олимпик (Л) по 1, Стеауа 0 бодови.

Група: Г: Арсенал – Порто, Фенербахче – Динамо (К).
 
Детската градинка на Венгер повторно ќе биде исправена пред нов предизвик.По неочекуваниот пораз од Хал, на Емирати пристигнува Порто.Фенербахче првите бодови во групата ќе ги брка против Динамо (К).

ТАБЕЛА: Порто 3, Арсенал и Динамо (К) по 1 и Фенербахче 0 бодови.

Група Х: Зенит – Реал (М), БАТЕ Б. – Јувентус.

Источни тестови за моќните екипи од западот во мечевите од Х групата. Екипите на Зенит и Бате Б. кои мечтаат да бидат на фудбалската мапа онаму каде се Реал и Јувентус , на домашен терен ги пречекуваат фудбалските гиганти.

ТАБЕЛА: Реал (М) и Јувентус по 3. Зенит и БАТЕ Б. по 0 бодови.

М.П.