Англискиот преставник во најеминетното натпреварување ќе го пречека седум кратниот првак во Лигата на Шампиони, Милан. Резултатот по првиот натпревар му оди на прилог на “петлите“ триумфирајќи со 1-0.


“Росонерите“ не само што имаат негатива на реванш натпреварот и традицијата е на спротивната страна. Екипа што имала негатива по првиот натпревар на домашен терен не се пласирала во наредната фаза.  


Во таборот на “росонерите“ ќе недостасуваат суспендираниот Гатузо, повредениот Кевин Прниц Боатенг додека Хари Реднап на располагање ќе ги има сите фудбалери.


Екипата на Милан во ланската сезона силите ги одмери во 1/8 финалето ги одмери со Манчестер Јунајтед. Дуелот на Сан Сиро “росонерите“ го загубија со 3-2 додека на Олд Трафорд, “црвените ѓаволи“ го демолираа со 4-0.

Двојки: Тотенхем – Милан (1-0), Шалке – Валенсија (1-1)

Мх.П.