Минатогодишниот учесник во фазата по групи во Лигата на Шампиони, Црвена Ѕвезда разочара на гостувањето кај тимот на Судува ремизирајќи без голови 0-0, додека Селтик иако губеше забележа убедлива победа 3-1 против Сараево.
Белградските „црвено бели“ квалификациите ги започнаа со големи очекувања, но барем на стартот тие не се остварија, откако одиграа далеку под своите можности. Црвена Ѕвезда има простор за поправен, бидејќи реваншот за една седмица се игра на стадионот „Рајко Митиќ“.
Најдобриот шкотски клуб Селтик ќе биде противник на Шкендија во втората фаза од квалификациите за пласман во ЛШ: „Детелините“ со 3-1 славеа против Сараево и речиси ги решија сите дилеми околу патникот понатаму. Шкендија исто така победи во гости (1-0) и пред своите гледачи во Скопје ќе треба да ја задржа минимална предноста од првиот натпревар.
Резултати: Астана – Клуж 1-0, Арат – АИК 2-1, ХЈК – Торшван 3-0, Ном Калју – Шкендија 0-1, Сараево – Селтик 1-3, Дуденланж – Валета 2-2, Судува – Црвена Ѕвезда 0-0, ТНС – Фероникели 0-0.
OhridNews