Фудбалерите на Црвена Ѕвезда пред своите гледачи на стадионот „Рајко Митиќ“ го совладаа тимот на Судува со 2-1 и обезбедија пласман во втората фаза од квалификациите за пласман во Лигата на Шампиони.

„Црвено белите“ со триумфот во Белград максимално се извадија за разочарувачкото реми без голови во првиот меч одигран пред недела дена. Отпорот на гостите не издржа пет минути, откако Ричард Боачи уште на стартот од мечот го отвори резултатот. Во 29-та минута капитенот на Црвена Ѕвезда, Марко Марин погоди за 2-0. Домаќините во 60-та минута останаа со фудбалер помалку и тоа внесе мала самодоверба во гостинскиот состав. Играчката предност на теренот Судува ја капитализираше во судиското продолжение кога ублажи поразот.

Двојки: Шкендија – Номе Калју 1-2 (1-0), Сабуртало – Шериф 1-3 (3-0), Торшван – ХЈК 2-2 (0-3), Валета – Дуделанж 1-1 (2-2), Црвена Ѕвезда – Судува 2-1 (0-0), Фероникели – ТНС 0-1 (2-2).

Во заградите се резултатите од првите натпревари.

OhridNews