Фудбалерите на Црвена Ѕвезда, ќе имаат ултра тешко гостување на стартот од Лигата на Шампиони. Прв ривал на „црвено белите“ ќе им биде германскиот првак Баерн Минхен. Од преостанатите мечеви за издвојување се дерби пресметките помеѓу Атлетико Мадрид – Јувентус односно Пари Сент Жермен – Реал Мадрид.

Црвена Ѕвезда, минатата сезона одигра супер во групата на смртта а исто се очекува и оваа сезона кога фудбалерите имаат поголемо искуство од минатата сезона. Вистински тест за српскиот шампион ќе биде дуелот со германскиот кој е помеѓу тесниот круг на фаворити за титулата.

Фокусот на европската фудбалска јавност ќе биде вперен во Мадрид и Париз. На „Ванда Метрополитано“ стадионот домашниот состав Атлетико ќе го пречека Јувентус, кој и оваа година тргнува осоколен во поход кон титулата во ЛШ. Минатата сезона двата клубови одиграа фантастичен двомеч во нокаут фазата. На крајот на пласман понатаму се радуваше Јувентус кој во Торино ја надополни негативата 2-0 од првиот натпревар.

Во Париз иако ќе недостасуваат голем број на фудбалски ѕвезди самите имиња на екипите се доволна најава за спектакл. „Светците“ ќе играат без Нејмар и Кавани а неизвесен е Мбапе. Во Реал Мадрид поради суспензии ќе недостасуваат Серхио Рамос и Начо Родригез а поради повреда во комбинација нема да бидат Лука Модриќ, Маркос Асенсио и Марсело.

Двојки:

Група А: Клуб Бриж – Галатасарај (18:55ч), ПСЖ – Реал Мадрид (21ч)

Група Б: Олимпијакос – Тотенхем (18:55ч), Баерн Минхен – Црвена Ѕвезда (21ч)

Група Ц: Динамо Загреб – Аталанта (21ч), Шахјтор Доњецк – Мен Сити (21ч)

Група Д: Атлетико Мадрид – Јувентус (21ч), Баер Леверкузен – Локомотив Москва (21ч).

OhridNews