Фудбалерите на Црвена Ѕвезда, во третата рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони гостуваат во Лондон кај тимот на Тотенхем. Дуелот се игра вечерва во 21 часот.
„Петлите“, на средбата со Црвена Ѕвезда ќе бараат излез од резултатската криза додека „црвено белите“ ќе ги бркаат првите бодови на гостински терен. Тотенхем после два одиграни мечеви има само еден бод, а Црвена Ѕвезда со една победа и еден пораз котира на втората позиција.
Во фокусот ќе биде гостувањето на Реал Мадрид во Истанбул. „Кралевите“, ги очекува дуел со Галатасарај, кој го распродаде целиот стадион и трибините ќе грмат. Двата состави имаат по еден освоен бод и ова ќе биде вистинска шанса за прва победа.
Двојки:
Група А: Клуб Бриж – ПСЖ (21ч), Галатасарај – Реал Мадрид (21ч)
Табела: ПСЖ 6, Клуб Бриж 2, Галатасарај 1, Реал Мадрид 1
Група Б: Олимпијакос – Баер Минхен (21ч), Тотенхем – Црвена Ѕвезда (21ч)
Табела: Баерн Минхен 6, Црвена Ѕвезда 3, Олимпијакос 1, Тотенхем 1
Група Ц: Шахјтор Доњецк – Динамо Загреб (18:55ч), Мен Сити – Аталанта (21ч)
Табела: Мен Сити 6, Шахјтор Доњецк 3, Динамо Загреб 3, Аталанта 0
Група Д: Атлетико Мадрид – Баер Леверкузен (18:55ч), Јувентус – Локомотив Москва (21ч)
Табела: Атлетико Мадрид 4, Јувентус 4, Локомотив Москва 3, Баер Леверкузен 0
OhridNews