Фудбалерите на Црвена Ѕвезда патуваат во следната фаза од квалификациите во Лигата на Шампиони, откако со минимални 1-0 ја совладаа Тирана во Албанија.

„Црвено белите“ само резултатски ја оправда улогата на фаворит бидејќи домаќините имаа повеќе од играта и шансите во текот на мечот. Погодокот за победа српскиот шампион го постигна во 62-та минута и на суров начин ги казни домаќините за пропуштените шанси.

Црвена Ѕвезда по пат на ждрепка ќе го добие следниот ривал во квалификациите од ЛШ, додека Тирана ќе се пресели во Лигата на Европа.

Пласман покрај Црвена Ѕвезда обезбеди и грчки Паок кој со 3-1 го совлада Бешикташ.

OhridNews