Македонските претставници во Лигата на Шампиони, Вардар и Еурофарм Работник имаат по еден ракометар во идеалниот состав кој традиционално ЕХФ го одбира после завршување на секоја рунда во фазата по групи.

Изборот на ЕХФ од тимот на Вардар кој со 32-27 го совлада Порто падна на Иван Чупиќ. Хрватот со седум погодоци беше најпрецизен во составот на Вардар и го најави победничкиот пресврт во второто полувреме. Еурофарм Работник дебитира сезонава во ЛШ и секое признаније е добро дојдено. Претставник на „фармацевтите“ е Ловро Јотиќ. Организиратор на игра постигна осум погодоци во минималниот пораз 25-24 од Савехов во Шведска.

Видео прилогот за идеалниот тим можете да го погледнете на следниот линк а во продолжение се исечоците за најдобрите голови и одбрани.

Тимот на колото:

Лево крило: Себастијан Бартхолд (Алборг)

Лев бек: Ловро Јотиќ (Еурофарм Работник)

Среден бек: Никола Карабатиќ (ПСЖ)

Десен бек: Харалд Рајнкинд (Кил)

Десно крило: Иван Чупиќ (Вардар)

Пивот: Хендрик Пекелер (Кил)

Голман: Жоан Менденз (Бидасоа Ирун)

OhridNews

ЛШ: Триесет минути не се доволни за надигрување со Вардар