Германскиот ракометен гигант Кил е пред пласман во фајнлфор завршницата во Лигата на Шампиони откако во првиот четвртфинален натпревар го совлада Металург со 31-21 (14-9).

Ракометарите на Кил немилосрдно со погодок ја казнуваа и најмалата грешка на „металурзите“ и заслужија чиста десетка за преставата во „Борис Трајковски“.

Гол шоу имаа бековите на Кил, Вујин (8 погодоци) и Палмарсон (7) додека во очај ракометарите на Металург ги стави шведскиот голман Селстренд со 11 интервенции.

Левото крило Манасков со шест погодоци беше најпрецизен во тимот на Металург, а свој ден немаа ниту Станиќ и Вугринец.

Мх.П.