Македонскиот ракометен првак Металург претрпе пораз од Загреб 19-17 и по три одиграни натпревари се уште е без бод во групната фаза од Лигата на Шампиони.

– Не сакам да намалам успехот на Загреб, но, судиите не само што не беа на ниво туку немаа и кондиција да го издржат пеколното темпо на крајот од мечот. Од тука почнува се и нема што повеќе да се говори за натпреварот, на кој сметам дека требаше да останеме непоразени – потенцираше Лино Червар.

По поразот од хрватскиот гигант шансите за пласман во ТОП 16 на „металурзите“ се сведоа на минимум.

Мх.П.