В четврток спортската арена „Борис Трајковски“ во Скопје ќе биде епицентар на ракометот во Европа. Во четвртата рунда од групите во Лигата на Шампиони ќе се сретнат градските ривали Металург и Вардар.


– Нам Вардар не ние непријател како што сакаат да ни го прикажат туку спортски ривал на теренот. Овој меч нема да биде за слабаци кои ќе бараат алиби бидејќи ќе треба да се „изгине“ за секоја топка во целиот натпревар – рече Лино Червар на пресконференцијата.

Пред мечот хрватскиот стратег има одредени проблеми поради повреди на Атман, Велко Маркоски, Јоноски и Нелоски, но за очекување е да соберат сили и да настапат в четврток.

– Покрај проблемите се повредите нам никој неможе да ни ја одземе желбата за победа на мечот со Вардар. Нашиот противник има поголем ростер на играчи, но на теренот играат само шест, а тие треба да го остават срцето за победа – додаде Червар.

Мх.П.