Лондонските „сини“ се вторите патници во финалето во Лигата на Шампиони, елиминирајќи го Реал Мадрид во полуфиналниот двобој, со вкупен резултат 3-1. Челси во финалето, кое ќе се одигра на 29 мај во Истанбул силите ќе ги одмери со ривалот од Премиер лигата, Манчестер Сити.

Ремито 1-1 од првиот натпревар беше одлична најава за добар и отворен фудбал. Двете екипи на „Стемфрод Бриџ“ започнаа со спушен гард, атакувајќи на погодок. Во рафална стрелба подобро се снајде Челси, кој преку Тимо Вернер поведе со 1-0. „Кралевите“ имаа свои прилики во првиот дел, но Менди на голот беше нерешлива енигма за гостите.

Челси во второто полувреме ги затвори сите приоди кон сопствениот погодок. Шансите на Реал Мадрид се намалија, а во финишот кога пулените на Зинедин Зидан фрлија на нападот, следуваше втор гол на Челси и запечатување на победата. Стрелец беше Мејсон Маунт.

Челси трет пат ќе игра во финале во ЛШ, а втор против англиска екипа. „Синие“ во 2008 година се судрија со Манчестер Јунајтед и изгубија на пенали, а во 2011 го совладаа Баерн Минхен. Манчестер Сити, пак, прв пат ќе биде дел од големото финалето во ЛШ.

OhridNews