Ракометарите на Барселона им одржаа час по модерен ракомет на избраниците на хрватскиот стратег Лино Червар победувајќи ги 35-17 (17-5) во третата рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони.

Металург рамноправен противник беше само во првите 15 минути кога некако успеваше да му парира на разиграната Барселона.

Но, кога пулените на Чави Пасквал уфрлија брзина погоре во нападот, одбраната на Металург немаше одговор, а на голот од Барселона се разбрана и Арпад Штербик што резултурираше со серија од 8-0 и крај на сите надежи за позитивен резултат на „металурзите“.

Вториот дел Кирил Лазаров и соиграчите не само што ја зачуваа предност туку ја зголемија на убедливи 18 погодоци и ја забележаа втората победа во групата. Металург остана на оние шест бодови кои ги прокнижи во првите две рунди.

Мх.П.