Во фантастична атмосфера каква што може само да се посака, екипата на Металург го совлада данскиот првак Колдинг со 23-17 (14-9) во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампиони.

Металург со шест погодоци предност ќе патува на реваншот во Данска благодарание на Словенецот, Ренато Вугринец, кој имаше неверојатни 13 головиЗа разноврсноста во нападот на Металург говори фактот дека дури девет различни ракометари ја погодоција целта на искусниот голман Хвид.

Бедемот пред голот на Металург надополнет со расположениот Дарко Станиќ (13 интервенции) беше нерешлива енигма за „ладните“ данци кои не го прежиевеаа македонскиот „пекол“.

Мх.П.