Десното крило Матијаж Брумен ќе може да ја доигра оваа сезона, која му беше доведена во прашање поради повредата на десното рамо.
По извршените консултации со лекари специјалисти било констатирано дека нема потреба хируршки да се интервенира врз повреденото рамо на Брумен, туку повредата ќе се санира низ посебен процес на рехабилитација.
Стручниот штаб на Вардар се надева дека Словенецот ќе биде подготвен за првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампиони против Висла на 14.март.
„Макфакс“