Судирот со судијата асистент покрај аут линијата и повредата на бутниот мускул биле причините за слабиот перформанс на Алексис Санчез во дресот на Манчестер Јунајтед во првиот натпреварот од осминафиналето со Пари Сент Жермен, кој им припадна на гостите со 2-0.
Најплатениот фудбалер на „црвените ѓаволи“ немаше никаков позитивен учинок, откако влезе во игра на крајот од првиот дел на местото од повредениот Џеси Лингард. Тој немаше ниту еден дриблинг, нафрлување и додавање напред за своите соиграчи и заедно со Пол Погба беа прогласени за најслаби фудбалери во дуелот на Олд Трафорд.
Алексис Санчез со мистериозната повреда се здобил на загревањето кога се судрил со помошникот пред крајот на првиот дел. Чилеанецот не може да се пронајде себе си во дресот на Манчестер Јунајтед после трансферот од Арсенал во зимскиот преоден рок минатата година.
Репрезентативецот на Чиле го доведе под знак прашалник настапот за престојниот дуел со Челси во ФА Купот, а Оле гунас Солскјаер ќе има проблеми, бидејќи Лингард и Ентони Марсијал исто така се повредија во осминафиналето во ЛШ.
OhridNews