Билетите за епскиот дуел меѓу Металург и Вардар во Лигата на Шампиони беа распродадени за само 24 минути што веројатно ќе преставува рекорд во нашата земја.
Македонските ракометни гиганти за прв пат во европските натпреварувања ќе се сретнат в четврток на 14 ноември во групната фаза од Лигата на Шампиони.
Во спортската арена „Борис Трајковски“ се очекува пеколна атмосфера која ќе биде вистинска порака за следните противници кои ќе доаѓаат во Скопје.
Мх.П.