Мерките за безбедност и стравот од ширење на корона вирусот се’ се поголеми во сите земји на стариот континент. Најмногу на удар се најдоа спортските манифестации, кои, се одложуваат или се играат без присуство на публика.

Во пресрет на реваншите од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони, дел од домаќините одлучија да ги затворат стадионите и да играат пред празни трибини. Без публика ќе се играат мечевите Валенсија – Аталанта и Пари Сент Жермен – Борусија Дортмунд.

Забрана за гостински симпатизери има за средбата Лајпциг – Тотенхем додека Барселона чека одлука од градските власти за затварање на стадионот „Ноу Камп“ за дуелот со Наполи.

Реванш натпреварите во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони почнуваат од утре.

OhridNews