Фудбалерите на Барселона триумфираа во дербито со италијанскиот гигант Јувентус, откако славеа во Торино со 2-0 (1-0), додека Манчестер Јунајтед ја забележа највисоката победа совладувајќи го Лајпциг со 5-0 (1-0) во втората рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони.
Каталонците максимално го искористија отсуството не неколку стандардни првотимци во Јувентус и ги зграпчија бодовите во дерби пресметката. Резултатот го отвори Осман Дембеле со погодокот во 14-та минута од натпреварот. „Старата дама“ креираше прилики и ја погодуваше мрежата на противниците, но ВАР системот ги поништуваше головите на Алваро Мората. Печат на победата стави Лионел Меси од белата точка во судиското продолжение.
Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд му одржа час по модерен фудбал на германскиот бундеслигаш Лајпциг. „Црвените ѓаволи“ одигра мошне ефикасно и со пет погодоци го испратија противникот. Голедата ја најави Мејсон Гринвуд во првиот дел. Во вториот Маркус Рашфорд погоди три пати, а еднаш беше прецизен Ентони Марсијал.
Резултати:
Група Е: Краснодар – Челси 0-4, Севиља – Рен 1-0
Табела: Челси 4, Севиља 4, Краснодар 1, Рен 1
Група Ф: Борусија Дортмунд – Зенит 2-0, Клуб Бриж – Лацио 1-1
Табела: Лацио 4, Клуб Бриж 4, Борусија Дортмунд 3, Зенит 0,
Група Г: Ференцварош – Динамо Киев 2-2, Јувентус – Барселона 0-2
Табела: Барселона 3, Јувентус 3, Динамо Киев 0, Ференцварош 0
Група Х: Башакшехир – ПСЖ 0-2, Мен Ју – Лајпциг 5-0
Табела: Мен Ју 6, ПСЖ 3, Лајпциг 3, Башакшехир 0
OhridNews