Фудбалерите на Барселона обезбедија минимална предност после првиот меч со Манчестер Јунајтед победувајќи на Олд Трафорд со 1-0, додека без победник 1-1 заврши пресметката помеѓу Ајакс и Јувентус во Амстердам.

Каталонците не одиграа на посакуваното ниво, но доволно да слават минимален триумф кој им ги отвори вратите за полуфиналето. Барселона, погодокот за победа го реализираше во 12-та минута со голема помош од Лук Шо кој сам си ја затресе мрежата. „Црвените ѓаволи“ имаа свои моменти во текот на мечот, но не успеаја сериозно да се заканат и да ја надополнат негативата.

Финишот од првиот дел и стартот од второто полувреме ги донесоа возбудувањата на Јохан Кројф арената во Амстердам. Јувентус поведе во 45-та минута со погодокот на Кристијано Роналдо, а Давид Нерес изедначи во првата минута од второто полувреме.

Реванш натпреварите се играат на 16 април во вторник, а на 17 април во среда ќе се сретне екипите кои играа синоќа.

OhridNews