Екипата на Барселона без неколку клучни фудбалери отпатува во Милано и ги зголемува шансите на Интер за победа и пласман понатаму.
Интер ако ја победи Барселона во последното коло од Лигата на Шампионите ќе се пласира во осминафиналето, а шансите за тоа му се зголемуваат кога ќе се види составот на каталонците за тој меч.
Барселона го обезбеди првото место во групата, па си дозволи на патувањето за Милано да изостави неколку клучни фудбалер, пред се најдобриот, Лионел Меси.
Покрај Меси во составот ќе ги нема ниту Пике, Бускетс и Серхи Роберто.
Валверде сака да ги одмори овие неколку фудбалери, а со тоа ќе му ги зголеми шансите на Интер да дојде до неопходната победа за пласман во осминафиналето.
OhridNews