Вечерва, на легендарниот стадион Енфилд една од екипите на Ливерпул и Барселона ќе го визира пласманот во големото финале во Лигата на Шампиони. Реваншот од полуфиналето, Барселона ќе го започне со огромна предност од 3-0 остварена на првиот меч на Ноу Камп. „Црвените“ не се предаваат и веруваат во чуда кои многупати се случувале во Ливерпул.

  • Ние одиме по победата која ќе не одведе во финалето. Само со таков пристап можеме да се надеваме на позитивно работи. Не смееме да се залетаме и да ја изгубиме главата, бидејќи Барселона во својот состав има фудбалери кои ја казнуваат секоја грешка. Навивачите заслужуваат еден спектакуларен натпревар и ние треба да им го приредиме. – изјави германскиот стручњак Јирген Клоп.

Ливерпул драстично ќе биде ослабен за дуелот со Барселона. Клоп на располагање ќе ги нема Мо Салах и Роберто Фирмино. На спротивната страна, тренерот на Барселона Ернесто Валверде нема такви проблеми.

  • Отсуството на Салах и Фирмино ќе биде хендикеп за Ливерпул, а нема да биде голем плус за нас. Играчите кои ќе играат на нивното место сигурно ќе бидат мотивирани и желни за игра. Имаме добра залиха, но не смееме да се опуштиме и да мислиме дека работата е завршена. На половина пат сме од финалето, а ни останува уште половина и потоа уште еден долг до титулата. – потенцираше стратегот на Барселона.

Натпреварот се игра во 21 часот, а ќе го суди турскиот арбитар Чунејт Чакир.

OhridNews