Барселона во шестата рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони ја забележа петтата победа совладувајќи го Динамо Минск со 35-25.


Во триумфот, кој ги зацврсти на врвот од табелата македонскиот интернационалец Кирил Лазаров постигна два погодоци, а најпрецизен беше белорускиот репрезентативец Рутенка со седум голови.

Барселона која е во група со Вардар и Металург е на врвот со 11 бодови додека втората позиција ја делат токму македонските преставници кои имаат по шест бодови.

Мх.П.