Уругвајскиот голгетер Луис Суарез го одбележа дербито на колото во Лигата на Шампиони постигнувајќи ги двата голови за Барселона во победата со пресврт над Интер 2-1 (0-1) на Ноу Камп. За каталонците ова беше прва победа сезонава додека Интер останува без победа после два одиграни натпревари во фазата по групи.

„Нероазурите“, маестрално го започнаа натпреварот и уште во третата минута успеаја да поведат со 1-0. Стрелец на водечкиот погодок беше Лаутаро Мартинез. Италијаните после погодокот заиграа уште подобро и домаќините благодарание на голманот Тер Штеген не примија уште еден погодок до крајот на првиот дел.

Во второто полувреме, Барселона почна да го крева темпото на игра и да го стега обрачот пред голот на гостите од Серија А. Уругваецот на асистенција од Артуро Видал го изедначи резултатот и најави броба за трите бодови на Ноу Камп. Одлуката за победникот падна во 84-та минута. Суарез со приемот после додавањето од Меси се ослободи од дефанзивците на Интер и по втор пат го матираше Хандановиќ.

Резултати: 

Група Е: Генк – Наполи 0-0, Ливерпул – Салзбург 4-3

Табела: Наполи 4, Ливерпул 3, Салзбург 3, Генк 1

 

Група Ф: Славија Прага – Борусија Дортмунд 0-2, Барселона – Интер 2-1

Табела: Борусија Дортмунд 4, Барселона 4, Славија Прага 1, Интер 1

 

Група Г: Лајпциг – Лион 0-2, Зенит – Бенфика 3-1

Табела: Зенит 4, Лион 4, Лајпциг 3, Бенфика 0

 

Група Х: Лил – Челси 1-2, Валенсија – Ајакс 0-3

Табела: Ајакс 6, Челси 3, Валенсија 3, Лил 0

OhridNews