Љубетилите на фудбалот ќе имаат можност да уживаат во магијата на дуелот помеѓу Барселона  – Арсенал и Шахјтор – Рома во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони.


“Топџиите“ на Ноу Камп доаѓаат со активен резултат откако на Емирати триумфираа со 2-1. Творецот на победата за Арсенал, холанѓанецот Робин ван Перси е надвор од стројот поради повреда која ја заработи во финалето од Карлинг купот.


Барселона “осакатена“ го пречекува Арсенал на реванш натпреварот. Гвардиола за денешниот дуел неможе да смета Виктор Валдес и тандемот во одбраната Пујол и Пике. Но кога Лионел Меси е во составот, играта на Барселона добива друга димензија.


На ланскиот дуел со “топџиите“ Лионел Меси четири пати ја тресеше мрежата на Алмунија  што воедно значеше и пласман во 1/2 финалето.


Италијанскиот преставник во Лигата на Шампиони, Рома на гостувањето во Украина не само што има негативен резултат и традицијата  ја има против себе. Во Лигата на Шампиони никоја екипа која имала негативен резултат на домашен терен не се пласирала во понатамошната фаза.  Да е трагедијата поголема за италијанските преставници на гостувањата патуваат со негативен резултат остварен на домашен терен.


Двојки: Шахјтор – Рома (3-2), Барселона – Арсенал (1-2)

Мх.П.