Актуелниот европски шампион Реал Мадрид и германскиот првак Баерн Минхен со победи во петтата рунда од фазата по групи го обелија образот за слабите резултати во националните првенства. „Кралевите“ со 2-0 славеа над Рома на Олимпико, додека „баварците“ со 5-1 ја торпедираа Бенфика пред своите гледачи.

Баерн Минхен уште од стартот на натпреварот почна офанзивно и решително за освојување на целиот плен. Во 13-та минута Арјен Робен на свој препознатлив начин погоди и го отвори резултатот. Во 30-та минута Холанѓанецот го зголеми водството, а Роберт Левандовски до крајот на полувреме погоди за убедлива предност. Португалците на почетокот од второто полувреме намалија на 3-1 преку Фернандес. „Баварците“ со вториот погодок на Левандовски ја вратија предноста од три погодоци, а печат на убедливата победа стави Франк Рибери.

„Кралевите“ сурово ги казнија нереализираните прилики и грешки во одбраната на Рома на „Олимпико“ во дерби средбата од групата Г. Ченгиз Ундер го промаши невозможното, а Герет Бејл со погодок го казна киксот на Фацио. Марко Асенсио со гол и зголемување на водството ја круниса добра акција на „кралевите“ за победа и прво место во групата.

Во групите Е, Г и Х решени се патниците во нокаут, а неизвесен е само пласманот на табелата. Дилеми има во групата Ф, каде за место во ТОП 16 ќе се борат Лион и Шахјтор Доњецк.

Резултати:

Група Е: АЕК – Ајакс 0-2, Баерн Минхен – Бенфика 5-1

Табела: Баерн Минхен 13, Ајакс 11, Бенфика 4, АЕК Атина 0.

 

Група Ф: Хофенхајм – Шахјтор Доњецк 2-3, Лион – Мен Сити 2-2

Табела: Мен Сити 10, Лион 7, Шахјтор 5, Хофенхајм 3

 

Група Г: ЦСКА Москва – Викторија Плзен (1-2, Рома – Реал Мадрид 0-2

Табела: Реал Мадрид 12, Рома 9, ЦСКА Москва 4, Викторија Плзен 4

 

Група Х: Јувентус – Валенсија 1-0, Мен Ју – Јанг Бојс 1-0

Табела: Јувентус 12, Мен Ју 10, Валенсија 5, Јанг Бојс 1

OhridNews