Екипите на Баерн Минхен и Барселона се првите патници во полуфиналето од Лигата на Шампиони.
„Баварците“ пред своите гледачи со 6-1 го совладаа Порто и го анулираа триумфот (3-1) на португалците од првиот натпревар.
Каталонците со уште една победа овој пат 2-0 го елиминираа францускиот првак Пари Сент Жермен, кој првиот меч го загуби со 3-1.
Полуфиналистите ќе се комплетираат по дуелите меѓу Реал Мадрид – Атлетико (0-0) и Монако – Јувентус (0-1).
Ohridnews