Германскиот гигант Баерн Минхен со неверојатен триумф од 8-2 ја совлада и посрамоти Барселона и обезбеди пласман во 1/2 финалето од завршниот турнир во Лигата на Шампиони.
„Баварците“, покажаа вонсериска желба за игра доминирајќи од почетокот до крајот на четвртфиналниот натпревар. Германската машинерија ја сомле Барселона после половина час кога на семафорот стоеше 4-1. Баерн Минхен не застана, туку со исто темпо продолжи во второто полувреме. Следуваа нови четири голови во мрежата на каталонците за конечни 8-2.
Баерн Минхен во 1/2 финалето силите ќе ги одмери со подобриот од четвртфиналниот натпревар Манчестер Сити – Лион. Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Лајпциг – Пари Сент Жермен.
OhridNews