Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го освоија целиот плен на „Паркот на Принцовите“, победувајќи го составот на Пари Сент Жермен со 1-2 (0-1) во дербито на колото.

„Црвените ѓаволи“ големата победа ја обезбедија со погодокот на Маркус Рашфорд во 88-та минута од натпреварот. Претходно, гостите од Англија поведоа преку Бруно Фернандеш кој биеше прецизно од белата точка. ПСЖ израмни со помош на Ентони Марсијал кој ја затресе сопствената мрежа.

Највисок триумф во вечерашните мечеви извојува Барселона која со 5-1 го совлада Ференварош на Ноу Камп. Голеадата ја започна Лионел Меси од пенал, продолжи Ансу Фати, а потоа прецизно стрелаа Филипе Кутињо, Педри и Осман Дембеле.

Резултати:

Група Е: Челси – Севиља 0-0, Рен – Краснодар 1-1

Група Ф: Зенит – Клуб Бриж 1-2, Лацио – Борусија Дортмунд 3-1

Група Г: Динамо Киев – Јувентус 0-2, Барселона – Ференцварош 5-1

Група Х: ПСЖ – Мен Ју 1-2, Лајпциг – Башакшехир 2-0

OhridNews