Без победник 1-1 (1-1), заврши првиот полуфинален натпревар од Лигата на Шампиони, помеѓу екипите на Реал Мадрид и Челси, одигран на стадионот „Алфредо ди Стефано“ во Мадрид.
„Кралевите“ и „сините“ одиграа еден од најдобрите мечеви сезонава во ЛШ. Двете екипи играа отворено, напаѓаа, креираа шанси, не помислувајќи да се зачува сопствената мрежа.
Фудбалерите на Челси маестрално го стартуваа натпреварот, не дозволувајќи му на Реал Мадрид да ја „нагази“ топката. Лондончани не само што го неутрализираа домашниот состав, туку и креираа убави прилики за погодок. Изгледна шанса имаше Тимо Вернер, но Германецот не реализираше. Сепак, наградата стигна неколку минути подоцна, кога Кристијан Пулишиќ го отвори резултатот. Американецот добро се ослободи од офсајд стапица, а потоа го издрибла Тибо Куртоа и ја смести топката во мрежата.
Негативата ги разбуди „кралевите“. Веднаш после погодокот на Челси, капитенот Карим Бензема се закани од голема далечина, шутирајќи во стативата. Бензема не греши два пати. Французинот најдобро се снајде во казнетиот простор и во манир на голем стрелец, прво ја прими, а потоа ја закова топката во голот од Челси.
До крајот на првиот дел и во текот на второто полувреме, шанси се редеа на двете страни, но ниту еден од стрелците не го најде патот до противничката мрежа.
На реваншот на „Стемфрод Бриџ“ на Чели и на Реал Мадрид било каква победа ги води во финалето, додека нерешен исход со резултат 0-0 му одговора на англичаните, поради правилото гол во гости. Реваншот се игра следната недела.
OhridNews