Атлетико Мадрид без македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров во составот претрпе пораз од Кил во репризата од ланското финале во Лигата на Шампиони 31-27.

Одбраната и голманите на “јорганџиите“ немаа одговор за расположениот Филип Јиха кој беше најпрецизен на мечот со 13 голови. Во замена на Лазаров се појави Маркусен постигнувајќи осум погодоци.

Со три победи во седум натпревари екипата на Атлетико Мадрид се наоѓа на третата позиција на табелата. Во наредното коло Лазаров и тимот од Мадрид на домашен терен го пречекуваат Целје.

Мх.П.