Шпанскиот состав Атлетико Мадрид и францускиот првак Пари Сент Жермен со новите патници во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони. „Јорганџиите“ во осминафиналето подобри беа од актуелниот шампион Ливерпул, додека „светците“ го елиминираа германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд.
Атлетико Мадрид во ТОП 8 се пласираше со пресврт триумф на Енфилд и вкупен резултат 4-2. Ливерпул пред своите гледачи во реваншот забележа минимална победа (1-0) и го изедначи вкупниот исход. Победникот го одлучија продолженијата. Ливерпул поведе со 2-0 преку Фирмињо и имаше резултатот кој го водеше понатаму. Но Атлетико Мадрид со двата голови на Маркос Љоренте изедначи на 2-2, а големиот пресврт и триумф го завери Алваро Мората.
ПСЖ на домашен терен и пред празни трибини во еден жесток натпревар го совлада тимот на Борусија Дортмунд со 2-0 и со вкупен резултат 3-2 се чекираше во 1/4 финалето. „Светците“ головите за победа ги постигнаа во првиот дел. Резултатот го отвори Нејмар, а на 2-0 зголеми Хуан Бернат. Во второто полувреме, страстите се разгореа, двете екипи имаа свои прилики за погодок. Атмосферата кулминираше во финишот кога после една мешаница црвен картон доби Емре Чан, а неколку играчи поминаа со жолти картони.
Осминафиналните натпревари продолжуваат следната недела. Во четвртфиналето пласман, претходно, обезбедија Лајпциг и Аталанта.
OhridNews