Со натпреварите од А Б, Ц и Д групите ќе се комплетира првата рунда од фазата по групи во најеминетното клупско натпреварување, Лигата на Шампиони.
Сите очи ќе биде вперени на „Алијанц Арената“ во Минхен каде составот на Баерн ќе го пречека шпанскиот гигант Атлетико Мадрид. „Баварците“ во новата сезона влегуваат како бранителот на трофејот, но Атлетико Мадрид низ годиниве покажа дека го имат лекот за фаворитите. Мечот се игра во 21 часот.
Денешните возбудувања ќе ги најават натпреварите Реал Мадрид – Шахтјор Доњецк односно Салзбург – Локомотив Москва, кои ќе започнат во 18:55 часот. Преостанатите шест натпревари стартуваат во 21 часот.
Двојки:
Група А: Салзбург – Локомотив Москва (18:55ч), Баерн Минхен – Атлетико Мадрид (21ч)
Група Б: Реал Мадрид – Шахтјор Доњецк (18:55ч), Интер – Борусија Менхенгладбах (21ч)
Група Ц: Мен Сити – Порто (21ч), Олимпијакос – Олимпик Марсеј (21ч)
Група Д: Ајакс – Ливерпул (21ч), Митјиланд – Аталанта (21ч)
OhridNews