Мадридските екипи Атлетико и Реал немаа успешен почеток во Лигата на Шампиони откако претрпеа порази во дуелите со Баерн Минхен односно Шахтјор Доњецк. „Баварците“ го растурија Атлетико Мадрид и славеа победа 4-0, додека Шахтјор со 3-2 ги совлада „кралевите“ во Мадрид.
Германскиот бундеслигаш отпорот на „јорганџиите“ го скршија после половина час игра. Стрелец на голот беше Кингсли Коман. До крајот на првиот дел, Баерн Минхен ја дуплираше предноста со голот на Леон Горецка. Во вториот дел Корентин Толисо погоди за 3-0, а Коман со вториот погодок стави печат на победата.
Украински Шахтјор сензационалната победа во Шпанија ја обезбеди со фуриозна игра во првиот дел во кој постигна три погодоци. „Кралевите“ во второто полувреме успеаја да реализираат два и да намалат на 2-3, но Шахтјор ја задржа минималната предност, за голема победа.
Резултати:
Група А: Салзбург – Локомотив Москва 2-2, Баерн Минхен – Атлетико Мадрид 4-0
Група Б: Реал Мадрид – Шахтјор Доњецк 2-3, Интер – Борусија Менхенгладбах 2-2
Група Ц: Мен Сити – Порто 3-1, Олимпијакос – Олимпик Марсеј 1-0
Група Д: Ајакс – Ливерпул 0-1, Митјиланд – Аталанта 0-4
OhridNews