Екипите на Реал Мадрид и Манчестер Сити се нови патници во 1/4 финалето во Лигата на Шампиони. „Кралевите“ во осминафиналето ја елиминираа Аталанта со вкупен резултат 4-1 додека „граѓаните“ го прескокнаа германскиот бундеслигаш Борусија Менхенгладбах со резултатот од 4-0.

Избраниците на Зинедин Зидан пласманот во топ 8 го заверија со нов триумф, овој пат  со 3-1 на домашен терен. Претходно, шпанците славеа во Бергамо со минимални 1-0. Карим Бензема го отвори резултатот после половина час игра. После точно еден час игра Серхио Рамос зголеми на 2-0. Гостите преку Муриел намалија на 2-1, а конечните 3-1 ги постави Асенсио.

Манчестер Сити со две идентични победи од 2-0, на домашен и гостински терен го реши Борусија Менхенгладбах. Пулените на Пеп Гвардиола сите дилеми во реваншот ги решија во првите 20 минути од натпреварот со два голови во противничката мрежа. Во 12-та минута за 1-0 стрелаше Де Брујне, а во 20-та прецизен беше Гундоган.

Четвртфиналистите во ЛШ ќе се комплетираат вечерва, со мечевите Баерн Минхен – Лацио односно Челси – Атлетико Мадрид.

OhridNews