Фудбалерите на Динамо Загреб обезбедија солидна предност во првиот натпревар од втората квалификациска рунда за пласман во Лигата на Шампиони, победувајќи ја Омонија со 2-0 (0-0).

„Модрите“ победата ја осигураа со два погодоци во второто полувреме, откако во првиот дел мируваа мрежите на „Максимир“. Головите ги постигнаа Мајер во 65-та минута односно Јакиќ во 81-та минута од натпреварот. Победа на Динамо Загреб ја засени повредата на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми. Капитенот на загрепчани излезе пред крајот на првиот дел, додека Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар.

  • Резултати:

Алашкерт – Шериф 0-1

Линколон – Клуж 1-2

Динамо Загреб – Омонија 2-0

Ференцварош – Жалгирис 2-0

Рапид Виена – Спарта Прага 2-1

Селтик – Митјиланд 1-1

OhridNews