Ниту еден погодок, ниту една одбрана и ниту еден ракометар од Вардар не се најде во изборот на најдобрите од ЕХФ во последната 14-та рунда од фазата по групи.

„Црвено црните“ пред своите гледачи го совладаа актуелниот европски првак Монпелје и го елиминираа од понатамошните натпревари, но тоа не беше доволно за индивидуално признание од ЕХФ.

Ракометарите на Вардар во 1/8 финалето ќе се судрат со Загреб. Првиот меч се игра во Хрватска, а тоа ќе биде нова можност „вардарци“ да ги импресионираат луѓето кои ги одбираат најдобрите голови, одбрани и играчи.

Видео прилогот од изборот на најдобрите можете да ги погледнете тука.

Идеален тим:

Лево крило: Давид Мандиќ (Загреб)

Лев бек: Френкис Карло Марзо (Спортинг)

Среден бек: Деан Бомбач (Пик Сегед)

Десен бек: Лука Степанчиќ (ПСЖ)

Десно крило: Блаж Јанц (Киелце)

Пивот: Бјарт Мирхол (Скјерн)

Голман: Адам Моравски (Висла)

OhridNews